КОЛАЧЕ ВО ФОРМА НА КОВИД-19 Е ХИТ ВО ПРАГА

Прага, (Ројтерс)

Десерт во форма на вирусот ковид-19 е хит во ресторан во стариот дел на Прага. Ресторанот „Блек Мадона“ вообичаено беше полн со туристи, но сега, како и угостителите низ целиот свет, се соочува со намален промет. Десертот е идеја на Олга Будник, која вели дека ја добила пролетоска, за време на карантинот во Чешка.

„Видов слика од вирусот и веднаш добив идеја како да го направам, која боја да биде и го подготвив“, вели таа.

Чоколадното колаче е помало од тениска топка и испрскано со путер од какао. Топчињата се направени од бело чоколадо и суви малини, а внатре има смеса од ф’стак со малини.

Будник вели дека колачето се покажало како голем успех, со оглед на тоа што дневно продаваат над 100 парчиња.