Ако поминете покрај продавницата за сладодед на Јуџинио Мороне во Малатеста, нема да забележите голема разлика од останатите 20.000 италијански слаткарници.
Но, „Каноло сицилијано“ е дом на најдобриот сладолед на светот, според листата која во февруари беше објавена од Фестивалот за сладолед, асоцијацијата која слично на Мишелин ги оценува произведувачите на сладоледи.
„Едноставноста е она што мојот сладолед го прави специјален“, вели Мороне за ДПА, објаснувајќи дека користи локални и сезонски продукти и дека избегнува состојки од масовно производство.
„Добар сладолед нема многу состојки, само млеко, крем, шеќер, жолчка од јајце, ф’стак, лешник или, пак, свежо овошје ако правите шербет. Толку е едноставно, не треба да има никакви адитиви или вештачки бои“, вели 35-годишниот сопственик.
Мороне ги следи сезоните, па сладолед од јагода нуди само во мај и јуни, никако во јануари, од диња само во лето, а сладолед од костен има само наесен. Во неговата понуда секако има и неколку евергрини, како чоколадо, лешник или страчатела. Советува дека ако се користи многу вода, сладоледот побрзо замрзнува и станува поцврст.
За оние кои повеќе сакаат да јадат отколку да прават сладолед, Мороне има неколку совети: прочитајте го составот, не бирајте многу вкусови, бидете подготвени да платите повеќе и држете се до традицијата.
„Без ‘нутела’ или ‘орео’, ве молам“.