25 МИНУТИ НЕ МОЖЕВ ДА ДИШАМ, ВЕЛИ ГОЛМАНОТ ПЕПЕ РЕЈНА ЗА СВОЈОТ ХОРОР СО КОРОНАВИРУСОТ

Лондон, (Гардијан)

Голманот на Астон вила Пепе Рејна, кој беше светски и европски шампион со Шпанија, откри дека преживеал „бесконечни минути на страв“ откако симптомите на коронавирусот го оставиле во неможност да дише.

Триесет и седумгодишниот Рејна сега е на лекување по, како што вели, „најлошите моменти во својот живот“.

„Дури сега можам да кажам дека ја добивам борбата со коронавирусот“, вели Рејна, кој се разболел пред две недели.

„Бев многу уморен откако ми се појавија први симптоми на вирусот. Треска, сува кашлица и главоболка, кои никако не поминуваа. Имав чувство на постојан умор. Најстрашниот момент беше кога веќе не можев да дишам, на 25 минути останав без кислород. Преживеав бесконечни минути на страв кога сфатив дека немам кислород, моето грло како наеднаш да се затвори“, раскажа Шпанецот.

Рејна девет години беше голман на Ливерпул, а во англиската Премиерлига се врати на почетокот на годината, како позајмен играч од Милан.