ШЕНЏЕН СТАНА ПРВ КИНЕСКИ ГРАД КОЈ ЗАБРАНИ ДА СЕ ЈАДАТ МАЧКИ И КУЧИЊА

Шенџен, (Би-Би-Си)

Шенџен стана прв кинески град кој забрани продажба и консумирање на месо од мачки и кучиња.

Ова следува откако избувнувањето на пандемијата на коронавирусот беше поврзано со месото на диви животни што се продава на отворени пазари во Кина. Кинеските власти во февруари ја забранија трговијата на диви животни, но Шенџен отиде чекор подалеку, па ја прошири забраната и на мачки и кучиња. Новиот закон ќе стапи на сила на 1 мај.

Меѓународни организации проценуваат дека 30 милиони кучиња се убиваат низ Азија годишно заради исхрана. Сепак, јадење кучиња и мачки не е така вообичаено во Кина.

„Како домашни миленици, мачки и кучиња имаат поблизок однос со луѓето од сите други животни и забраната за нивно консумирање е вообичаена практика во развиени земји, што ги вклучува и Хонгконг и Тајван“, изјави локалната власт на Шенџен.

Се верува дека коронавирусот, со кој за три месеци се заразија речиси еден милион луѓе низ цел свет, потекнал од пазар за диви животни во кинескиот град Вухан.