БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЏУДО ЈА НАПОЛНИ СПОРТСКАТА САЛА ВО БИТОЛА

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола се одржа Балканското првенство во џудо за млади до 13 години.

На првенството учествуваа 400 спортисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Кипар, Црна Гора и Турција. Организатор беше Џудо федерацијата на Македонија.

Салата беше полна со навивачи од речиси сите земји кои се натпреваруваа на првенството.

Ж. ЗДРАВКОВСКА