БЕН АФЛЕК ПО ТРЕТПАТ ОТИДЕ НА ОДВИКНУВАЊЕ ОД АЛКОХОЛ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Оскаровецот Бен Афлек по третпат се пријави во клиника за одвикнување од алкохол, јавуваат американските медиуми.

Афлек бил виден како го напушта својот дом со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, која и го наговорила да оди на рехабилитација, откако на интернет видела фотографии како му доставуваат големи количества пиво и виски.

Според сајтот ТМЗ, Афлек се пријавил во установа од отворен тип во околината на Лос Анџелес. Тој претходно беше на рехабилитација и во 2001 и 2017 година и во минатото отворено зборуваше за својата борба со алкохолизмот.

„Сакам да го живеам мојот живот до максимум и да бидам најдобар можен татко. Сакам моите деца да знаат дека не е срамота да побараш помош ако имаш потреба од тоа, но и да бидеш извор на сила на некој на кој му требаш“, кажа Афлек лани.

Гарнер и Афлек се разведоа во април минатата година, но останаа во добри односи.