БРОДВЕЈ ЌЕ ПОСТАВИ МЈУЗИКЛ ЗА МАЈКЛ ЏЕКСОН

Њујорк, (АФП)

Мјузикл за животот на Мајкл Џексон ќе биде поставен на Бродвеј, објавија продуцентите на кралот на поп музиката, кој почина во 2009 година.

Ќе се користат негови песни, а либретото ќе го пишува Лин Нотаж, двократен добитник на Пулицерова награда.

Продуцентите објавија дека кореографијата ќе ја работи Кристофер Виделдон, познато име во балетската уметност, но не и кој актер или пејач ќе го глуми Џексон.

Насловот на мјузиклот сѐ уште не е познат, а премиерата се најавува за 2020 година.