„ДЕНСЕРС ЈУНАЈТЕД“ СЛАВИ 10 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ СО РЕТРОСПЕКТИВНА ИНКЛУЗИВНА ПРЕТСТАВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Танцовото студио „Денсерс јунајтед“ ќе изведе ретроспективна инклузивна претстава на 5 декември (20 часот) во Музејот на македонската борба во Скопје во чест на 10-годишнината од основањето.

„Пред десет години, ‘Денсерс јунајтед’ ширум ги отвори вратите за лицата со попреченост, силно верувајќи дека секој заслужува шанса да танцува. Нашите верба, надеж и трпение и многу работа со поддршка на родителите, институциите и медиумите вродија со голем напредок во комплетната слика за лицата со попреченост, на што сме навистина горди. Како почна нашата инклузивна група, кои беа нашите први чекори во танцот и прва кореографија, како напредувавме и до каде стигнавме, каде сè настапувавме и се натпреваруваме и какви успеси постигнавме ќе претставиме на 5 декември“, велат од студиото.

Влезот е бесплатен.