Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“од Велес го освои првото место на Меѓународниот хорски натпревар на духовна-црковна музика, во Хајновка, Полска. На натпреварот пееја младински и детски хорови, а имаше учесници од 10 држави од Европа.
Фестивалот се одвивал во две фестивалски вечери, велешките деца настапиле на втората, имале дополнителен солистички настап, како и настап на вечерта на победниците. Таму присустувал архиепископот на Полската православна црква, премиерот на Полска, министерот за култура на Полска, грчката амабсадорка во Полска. Настапите биле во православна црква.
„Пофалбите беа дека имаме најтежок и најобемен хорски репертоар во траење од 25 минути, од 8 хорски композиции со духовна тематика, три беа од македонски автори. Тоа беа ‘Величание Кирилу и Методију’ од Тодор Скаловски, Алелуја’ од Запро Запров, ‘Песна на Ангелите’ од Стојан Стојков. Со овој фестивал Полската православна црква славеше 100 години автокефалност. Натпреварот е со предселекција, или не е комерцијален секој кој има средства да учествува, туку селектираните хорови учествуваат на трошок на организаторот “, кажа Веселинка Маџарова диригент на хорот.
Бројот на членови во детскиот хор од година во година се зголемува, има голем интерес за членување, моментало има 31 хорист. Повеќето деца се ученици од ОУ „Васил Главинов“, каде и Маџарова работи како професорка по музичко образование. Возраста на членовите е од 9 години па нагоре. Хорот постои 12 години.
Детскиот хор „ Св. Кирил и Методиј “настапувал на фестивали на хорска црковна музика во Москва,Русија, во Белоруиија, Шпанија, во Грција. Финансиска помош има од локалната власт.
П. ПЕЧКОВ