ДЕВОЈКАТА НА ИЛОН МАСК ОБЈАВИ ДЕКА Е ТРУДНА

Њујорк, (Дејли мејл)

Девојката на Илон Маск, канадската музичарка Грајмс, објави дека е трудна.

Триесет и едногодишната Клер Елиз Бушер, која професионално е позната како Грајмс, го навести тоа на Инстаграм, постирајќи разголена фотографија со фотошопиран фетус на стомакот. Таа во коментарите под фотографијата им потврди на фановите дека е навистина трудна.

Пејачката е во врска со американскиот милијардер од мај 2018 година. Тие се запознале на Твитер откако Маск објавил шега за вештачка интелигенција, по што Грајмс го контактирала преку директна порака.

Маск (48) има пет деца (близнаци и тројка) од бракот со канадската писателка Џастин Вилсон, од која се раздели во 2008 година. Маск потоа беше во врска со актерките Талула Рајли и Амбер Хрд.