ФЕСТИВАЛ ЗА ДЕТСКА ЛИТЕРАТУРА ВИКЕНДОВ ВО МСУ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска и утре во Музејот на современа уметност (МСУ) ќе се одржува меѓународен фестивал посветен на детската литература и илустрација, чија цел е да ги презентира најдобрите дела од домашната и светската книжевност за деца.

Според организаторот „Литера“, настанот нема да биде класичен „саем на книга“, туку ќе понуди многу повеќе содржини. Ќе се организираат работилници на кои искусни автори ќе им го пренесат своето знаење на најмладите посетители и ќе ја поттикнат нивната креативност.

Отворањето е денеска во 11 часот, а во програмата се наведени повеќе настани, како креативната работилница „Моја прва приказна“ со Елизабета Баковска, интерактивната претстава „Лисичко и Калинка“, ликовна работилница, работилница за илустратори и работилнца за креативно пишување со Калина Малеска.