23 КРАТКИ ФИЛМА ЌЕ СЕ ГЛЕДААТ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО НА ТРЕТИОТ ГАЛИЧНИК ФИЛМ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со пораката „Диши длабоко и погледни кон небото“, вечерва и официјално се отвора третото изадние на Галичник филм фестивал, уникатен по тоа што се одржува на надморска височина од 1.500 метри.

Од денеска до недела, на програмата ќе бидат 23 краткометражни играни, документарни и анимирани филма, кои претходно учествуваа на некои од најзначајните фестивали на светот. Проекциите се бесплатни.

Во жирито оваа година се актерот Никола Ристановски, режисерката и сценаристка Елеонора Вениновa и режисерот Георги М. Унковски, кој лани победи со филмот „Налепница“.

Во рамките на фестивалот се одржа работилница за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски.