Осумдесет и две жени се искачија на скалите на фестивалската палата во Кан, во голем протест на црвениот килим за подобрување на родовата рамноправност во филмската индустрија.
Бројката на ѕвезди, филмаџии и на професионалци во филмската индустрија го претставува бројот на режисерки кои биле избрани да се натпреваруваат во Кан во 71-годишната историја на фестивалот.
За разлика од нив, 1.866 филмови во режија на мажи се натпреварувале за Златната палма.
Организаторите изјавија дека настанот бил организиран од движењето „Времето истече!“ и француското движење познато како „ 5020 на 2020“, за да се покаже колку им е тешко на жените „да се искачат на социјалните и професионалните скалила“.
Меѓу ѕвездите на настанот, кој доби поддршка од Фестивалот, беа Хелен Мирен, Марион Котијар, Салма Хајек и Џејн Фонда, а им се приклучија и петте членки на годинашното жири Кејт Бланшет, Кристин Стјуарт, Леа Сејду, Ејва ДуВернеј и Каџа Нин.
„Жените не се малцинство во светот, но сегашната состојба во индустријата вели поинаку. Скалите на нашата индустрија мора да бидат достапни за сите. Да се искачиме“, порача Бланшет, која е претседателка на жирито.