„АВАТАР 3“ Е НАЈХРАБРИОТ ФИЛМ ДОСЕГА, РЕЧЕ РЕЖИСЕРОТ ЏЕЈМС КАМЕРОН

САД, (Пипл)

Џејмс Камерон вели дека „Аватар 3: Огнови и пепел“ е можеби најхрабриот филм од серијалот досега. Режисерот награден со Оскар истакна дека неговата цел не е да го повтори она што беше направено во претходните два филма, туку да направи храбри избори кои не се очекуваат.

„Ако не правите храбри избори, трошите сечии време и пари. Самото тоа не е доволно за да се постигне успех, но е неопходно“, рече Камерон.

Тој исто така откри дека публиката може да очекува повеќе акциони сцени.

„Имаме навистина паметни акциони сцени. Она што ме возбудува како уметник кој неодамна наполни 70 години не е само можноста да го направам тоа повторно, туку и да дојдам до ниво на карактер и интриги што досега не сте ги виделе на филм“, рече Камерон.

„Аватар“ е еден од најуспешните филмски серијали на сите времиња. Првиот дел од 2009 е најпрофитабилниот филм досега, со заработка од 2,9 милијарди долари ширум светот. „Аватар: Патот на водата“, кој излезе во 2022, е на третото место со 2,3 милијарди. Третиот филм треба да се појави во кината на 19 декември годинава.

(Фото: Гети)