Од денеска до недела, во Кинотека ќе се одржува Фестивал на современи ирански и македонски филмови, а влезот е бесплатен. Отворањето е во 18 часот со проекцијата на „Медена земја“, па од 20 часот следува иранскиот филм „Влакнеста приказна“ по сценарио и режија на Амир Хомајон Ганизадех.
Утре ќе се прикажат „Врба“ на Милчо Манчевски и иранскиот „Инвазија“ во режија на Шахрам Мокри. На програмата во наредните денови се и: „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски и „Овци“ на Хоуман Сеједи на 19 февруари, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска и „Темната соба“ на Рухолах Хејази на 20 февруари, „Тука“ и „Астигматизам“ на 22 февруари и на последниот ден на 23 февруари се уште два ирански филма, „Развод заради мачки“ и „Реза“.