„БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ УЧЕСТВУВА НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО САЛЕРНО, ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ ВО СВЕТОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дебитантскиот долгометражен игран филм на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“, ќе биде дел од официјалната програма на 77. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Салерно, Италија. Основан во 1945 година, ова е еден од најстарите филмски фестивали во светот.

Фестивалот ќе се одржи од 27 ноември до 2 декември, а „Бизнисот на задоволството“ ќе биде прикажан на 29 ноември во 19 часот. Најдобриот филм ќе ја добие статуетката „Игнацио Роси“ на последната вечер.

„Бизнисот на задоволството“ досега учествуваше на 20 меѓународни фестивали и притоа освои пет награди.

Улогите во овој политички трилер, за кој сценариото го напиша Цветановски, ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Продуценти се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм.