„БЛЕК ПАНТЕР“ ОСВОИ 4 НАГРАДИ НА ЕМ-ТИ- ВИ

Санта Моника, (АП)

Светскиот блокбастер „Блек пантер“ освои четири награди на свеченото доделување на филмските и телевизиски награди на Ем-Ти-Ви во Калифорнија.

„Блек пантер“ победи во категориите: филм на годината, најдобар актер во филм, за Чедвик Боузмен, кој ја доби наградата и за најдобар суперхерој, а пак за најдобар негативец е прогласен Мајкл Б. Џордан.

ТВ- серијата „Почудни нешта“ исто така совои 4 награди, меѓу кои за најдобра актерка во ТВ- серија, за Мили Боби Браун и за најдобра ТВ- серија.

Гал Гадот е наградена за најдобра сцена со борба за хитот „Вондер вуман“.