БРЕНДАН ФРЕЈЗЕР НАЈАВУВА ГОЛЕМ ХОЛИВУДСКИ КАМБЕК СО УЛОГАТА НА МАЖ ОД 270 КИЛОГРАМИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Подзаборавената ѕвезда на серијалот „Мумија“ и на бројни комедии од 1990-ите, Брендан Фрејзер, би можел да има голем холивудски камбек со новиот филм на Дарен Аронофски, „Кит“, кој ќе има премиера на претстојниот Венециски фестивал.

Педесет и тригодишниот Фрејзер глуми 270 килограми тежок учител кој се обидува повторно да развие однос со својата ќерка-тинејџерка Ели (ја игра ѕвездата на серијата „Чудни нешта“, Сејди Синк), додека се бори со опасно тешката дебелина. Двајцата се оттуѓиле откако Чарли го напуштил семејството заради геј љубовник, по чија смрт почнал да јаде прекумерно од тага.

Минатата година, Фрејзер откри дека „филмот ќе биде нешто невидено досега“, додека неговата физичка трансформација била постигната со помош на протези и силна шминка.

Гардеробата и костимот беа обемни, беспрекорни и гломазни. Ова е крајно различно од сè што сум снимил досега и знам дека ќе остави долготраен впечаток кај публиката“, изјави Фрејзер, кој се бореше со депресија во изминатите години.

Многумина предвидуваат дека често потценетиот Фрејзер конечно го дочекал својот момент да биде номиниран за Оскар, што на Аронофски претходно му успеа и со Мики Рурк.