Денеска и утре во Кинотеката ќе се прикажат четири филмови во рамките на омажот за Неда Аренериќ, која почина минатиот месец на 67 години.

Арнериќ беше една од најпознатите актерки во југословенската кинематографија која имаше значајни улоги и во македонскиот филм, посебно во 1970-ите.

„Нејзиното прво појавување на филм било во 1966, со неполни 14 години и заедно со Славко Штимац беа првите вистински детски ѕвезди на југословенската кинематографија“, велат од Кинотеката.

Денеска во 18 часот ќе се прикаже „Време без војна“, а од 20 часот „Истрел“, и двата на Бранко Ивановски Гапо. Утре во 18 часот е проекцијата на „Татко (Колнати сме, Ирина)“ на Коле Ангеловски, а во 20 часот е „Исправи се, Делфина“ на Александар Ѓурчинов.

Влезот е бесплатен.