ЏЕЈК ЏИЛЕНХАЛ ЌЕ ГЛУМИ НЕГАТИВЕЦ ВО НОВИОТ „СПАЈДЕРМЕН“

Лос Анџелес, (Хафингтон пост)

Џејк Џиленхал преговара да глуми негативец во најавеното продолжение на „Спајдермен: враќање дома”.

Според „Вараети“, Џиленхал ќе го глуми Мистерио, кој му задава проблеми на Спајдермен низ стриповите.

Неговото најпознато алтер-его е Квентин Бек, експерт за специјални ефекти, кој се претвора во негативец и манипулира со реалноста за да ги разоружа своите непријатели.

Иако ликот на Спајдермен умира во актуелниот блокбастер „Одмаздници: војна на бесконечноста“, сигурно е дека ќе има уште еден филм за овој Марвелов лик, во кој ќе глумат Зендаја, Мариса Томеи и Мајкл Китон.

Џиленхал не е познат по овој жанр, но во 2016 година изјави дека филмовите за суперхероите отсекогаш го инспирирале.

„Се воодушевив кога го гледав ‘Тор’. Има причина зошто овие филмови се толку популарни“, кажа тој.