ЏЕНИФЕР ХАДСОН ГО НАЈАВИ ФИЛМОТ ЗА АРЕТА ФРЕНКЛИН ЗА ОКТОМВРИ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Објавен е првиот краток трејлер за филмот за Арета Френклин, во кој Џенифер Хадсон е претставена како настапува како „кралицата на соулот“.

Во видеото од 40 секунди, оскаровката Хадсон ги пее првите стихови од легендарната песна од 1965 година „Почит“ и носи златен фустан, делумно прикриена со сценски светла.

Премиерата на биографскиот филм за Френклин е најавена за октомври 2020.

Легендарната американска пејачка почина во август 2018 на 76 години. Во филмот, чиј наслов е „Почит“ (Respect) играат и Форест Витакер, Марлон Вајанс и Мери Џеј Блајџ.