„ЕФТЕРКЛАНГ-МАКЕДОНИУМ БЕНД“ ЌЕ ИГРА ВО КИНОТЕКАТА ВО СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

На 2 септември почнува новата сезона на Кинотеката, а разновидноста, во неколку форми, е карактеристика на оваа програма.

„Различни жанрови, разновидни земји во кои се продуцирани, разновидно време во кои се создадени. Оваа инклузивност го подразбира и значителниот број на регионалните копродукции, како дел од месечнава програмска понуда“, велат од Кинотеката.

Стартот е со турско-македонската копродукција „Најтешкото нешто“ снимена по сценарио на Оливер Ромевски, а во режија на Сердар Акар. Најавени се и проекции на „Караула“ во режија на Рајко Грлиќ, како и музичкиот документарец „Ефтеркланг- Македониум бенд“ кој отвори годинешното издание на фестивалот Синедејс. Филмот е данско-македонска копродукција и е првиот филм каде што како продуцент се јавува МКЦ, а ќе се прикаже на 20, 24, 27 и 28 септември.

Во текот на септември ќе се одржи и Фестивалот на нем и класичен филм.

Фото: „Ефтеркланг-Македониум бенд“ свиреше по премиерата на истоимениот документарец што го отвори Синедејс. (Фото: СДК.МК)