Премиерата на филмот „Барби” со Ен Хатавеј во главната улога е одложена за две години, соопшти „Сони“. Mесто 8 август годинава, таа ќе биде на 8 мај 2020 година.
Ен Хатавеј ја замени Ејми Шумер, која го напушти проектот лани во март, поради, како што рече, неусогласеноста со термините за снимање. Режисерка е Алитеа Џонс, а сценариото го работат повеќе автори, меѓу кои и Шумер.
Компанијата „Мател“ започна со продажба на кукли Барби во 1959 година. Таа досега има над 150 верзии со ликови како принцезa, сирена или филмска ѕвезда.
Филмот ќе биде во знакот на нејзината препознатлива розова боја, а ќе ги има и куќата во Малибу и спортскиот автомобил.
Ова е втора промена на датумот на премиерата. „Сони“ првично го најави филмот за 29 јуни 2018 година, па го помести за шест недели.