ФИЛМСКА НЕДЕЛА СО АНДЖЕЈ ВАЈДА ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Од денеска до четврток, во Кинотеката ќе се прикажат шест филма од богатата филмографија на Анджеј Вајда (1926-2016).

Филмската недела посветена на легендарниот полски режисер хронолошки ги опфаќа неговите рани, црно-бели трудови „Канал“ (1957), „Пепел и дијаманти“ (1958), „Невини волшебници“ (1960) и „Пепелта“ (1965) и двата најпознати наслова од зрелото доба, „Човек од мермер“ (1977) и „Човек од железо“ (1981).

Неговиот авторски потпис стои на повеќе од 50 филмски и телевизиски проекти од полска и интернационална продукција и има освоено 60 награди на најпрестижните филмски фестивали. Во 2000 му беше доделен и почесен Оскар.