ФИЛМСКА НЕДЕЛА СО МИЛЧО МАНЧЕВСКИ ВО „КОТУР КАФЕ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Филмска азбука – Милчо Манчевски“ е насловот на неделата на најнаградуваниот македонски автор, која од денеска до 14 март ќе трае во „Котур кафе“ во Скопје.

Ќе бидат прикажани петте долгометражни и двата кратки филма на Милчо Манчевски, заедно со изложба на постери од неговите филмови, работни скици, интервјуа, критики и писма.

„Изложбата ќе ни го прикаже процесот на работа на еден современ македонски, но и светски режисер“, стои во најавата на настанот.

Филмската недела стартува вечерва во 20 часот со проекцијата на „Бикини Мун“, а потоа музика ќе пушта самиот Манчевски. В недела од 20 часот е „Мајки“, а в понеделник „Сенки“.

На 13 март ќе се прикажат краткиот филм „Крајот на времето“ и играниот филм „Прашина“. Настанот ќе заврши на 14 март со проекциите на „Четврток“ и на „Пред дождот“.