Мерил Стрип има рекордни 21 номинација за Оскар (и три освоени), Кетрин Хепберн и Џек Николсон по 12 (четири освоени, односно три), а Ал Пачино еднаш триумфирал во девет номинации. Но, има и ѕвезди со богати филмски кариери и култни улоги во Холивуд, но ниту една номинација од Академијата за филмска уметност и наука.
Многумина ќе се изненадат кога ќе слушнат дека ѕвездата на „Убава жена“, Ричард Гир, и покрај 40-годишната актерска кариера, никогаш не добил номинација за Оскар.
Џејми Ли Кертис глуми од 20 години и стекна светска слава со „Ноќ на вештерките“, но нема номинација за Оскар.
Џим Кери има голем број легендарни улоги во комедии и го покажа својот раскошен талент и во други жанрови („Трумановото шоу“, „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“, „Човекот на Месечината“), но никогаш не бил номиниран за Оскар.
Мег Рајан е една од најпознатите актерки од 1990-ите, но ѕвездата на „Бессони во Сиетл“ никогаш не доби номинација од Академијата.
Брус Вилис во многу наврати покажа дека не е само акциона ѕвезда, но засега останува без номинација за Оскар.
Иако има половина век актерско искуство, Доналд Садерленд никогаш не бил номиниран за Оскар, но во 2018 доби почесна статуетка од Академијата.
Изабела Роселини е ќерка на трикратната оскаровка Ингрид Бергман и на легендарниот режисер/сценарист Роберто Роселини, но не им се приклучи со номинација за Оскар.
И ѕвездата на „Бебето на Розмари“ на Полански, Мија Фароу, е во групата врвни актерки без номинација за Оскар.
Стив Бушеми има добиено Златен глобус, награда од Здружението на филмски актери, но никогаш не стигнал до номинација за Оскар.