Том Круз повторно ќе се појави како Пит Маверик Мичел во третото продолжение на филмот „Топ ган“. Шеесет и едногодишниот глумец првпат го играше ликот во 1986 и се врати во 2022 за „Топ ган: Маверик“, кој беше хит во светските киносали и заработи над 1.49 милијарди долари.
„Парамаунт“ нарачал од сценаристот на „Маверик“, Ерен Кругер, да започне со работа на третиот дел од франшизата. Дополнително, извори за „Холивуд рипортер“ изјавија дека студиото планира да се врати режисерот Џозеф Косински, а Круз повторно да се обедини со неговите колеги Глен Пауел и Мајлс Телер.
Оригиналниот „Топ ган“, режиран од Тони Скот, е еден од синонимите на 1980-тите и заработи 350 милиони долари на светско ниво.
(Фото: Гети)