Новиот филм на Јани Бојаџи, „Кино Љубов“, од утре (27 октомври) ќе се прикажува во Синеплекс во Скопје. Тој доаѓа во киносалите во главниот град две недели по македонската премиера, што се одржа во Штип.
Бојаџи е режисер, сценарист и копродуцент на филмот, во кој во главните улоги се Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски. Музиката ја напиша Горан Трајковски, дизајнер на звук е Игор Василев, продукциски дизајнер е Лазе Трипков, а директор на фотографијата е Иван Зороски.