КРАЛСКА ЕВРОПСКА ПРЕМИЕРА НА „КРАЛОТ ЛАВ“ ВО ЛОНДОН (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лондон, (Хафингтон пост)

Двете најпознати брачни двојки на планетата, Бијонсе и Џеј-Зи и принцот Хари и Меган Маркл, синоќа се запознаа на европската премиера на филмот „Кралот лав“ во Лондон. Војводата и војвотката од Сасекс беа специјални гости на портокаловиот килим за премиерата, но британските медиуми коментираат дека Бијонсе, или Квин Би, била ѕвезда на вечерта.

Фото: ПА

Бијонсе го позајмува гласот на лавицата Нала, а ја испеа и носечката нумера во филмот, за која се надева дека може да освои и Оскар.

Славниот холивудски музички пар Бијонсе и Џеј-Зи (Фото: Гети)

Во фотореалистичниот анимиран римејк на филмот на „Дизни“ од 1994 година гласовите ги позајмија и Доналд Гловер, Сет Роген и Чиветел Еџиофор, а песни имаат и сер Елтон Џон и Фарел Вилијамс.

Принцот Хари и Меган, која е поранешна актерка (Фото: Гети)

„Кралот лав“ од среда ќе игра и во скопските кино Синеплекс и Милениум.

Фарел Вилијамс (Фото: Гети)
Вин Дизел (Фото: Гети)
Британската глумица Натали Емануел, позната од „Игра на тронови“ (Фото: Гети)
Тарон Еџертон, кој го глуми Елтон Џон во „Рокетмен“, на премиерата на „Кралот лав“ (Фото: Гети)
Сер Елтон Џон со војвотката Меган (Фото: Ројтерс)