ЛЕДИ ГАГА КАКО ФИЛМСКА ДИВА СТИГНА ВО ВЕНЕЦИЈА

Венеција, (Харперс базар)

Поп-ѕвездата Леди Гага, позната по екстравагантните креации и појавувања, пристигна во Венеција на гламурозен начин: со чамец-такси, седната на палубата, со високи потпетици и прекрстени нозе.

Со црниот фустан, јакиот црвен кармин и косата во стилот на 40-ите години, Гага со црвен цвет во раката, како вистинска филмска дива, уживаше во поздравите од гостите и праќаше бакнежи.

Леди Гага е ВИП-гостинка на Венецискиот филмски фестивал, каде што вон конкуренција ќе се прикаже „Ѕвезда е родена“, режисерското деби на Бредли Купер, во кој таа ја игра главната улога.

Станува збор за римејк на легендарниот филм со Барбра Стрејсенд и Крис Кристоферсон од 1976 година.