Филмот „М“ на режисерот Вардан Тозија од денеска (18 часот) ќе се прикажува во Кинотеката. Проекциите на 24 и 25 октомври се од 18 часот, а на 27 и 28 октомври од 20 часот.
„М“ е втор долгометражен филм на Тозија, кој го напиша сценариото заедно со Даријан Пејовски. Продуценти се Дарко Попов од „Фокус покус филмс“ и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Луксембург.
„М“ е дистописка приказна чиј главен лик е осумгодишниот Марко (Матеј Сиваков). Во актерската екипа се и Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Оливер Митковски и Владимир Тулиев. Кинематографер е Влатко Самоиловски.
(Фото: „Фокус покус филмс“)