МАКЕДОНСКИОТ ОМНИБУС „НЕБИДНИНА“ ОСВОИ ГРАН ПРИ НА ФЕСТИВАЛОТ БАЛКАНИМА ВО БЕЛГРАД

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Анимираниот омнибус „Небиднина“ во режија на Жарко Иванов, Иван Ивановски, Владимир Лукаш и Крсте Господиновски, ја освои главната награда на фестивалот Балканима во Белград, Гран при од жири-комисијата.

Наградите на 21. издание на Фестивалот  беа соопштени на затворањето на 5 септември во Домот на културата „Студентски град“ во Белград.

„Небидина“ е составен од четири кратки филмови, инспирирани од поезијата на Ацо Шопов.

Во декември 2023, „Небиднина“ ја освои наградата за најиновативен анимиран филм на Анимаком, во Билбао, Шпанија.

Фото: Жарко Иванов и Крсте Господиновски. (Фото: М. Марковиќ)