МАРГО РОБИ СЕ ПОКАЖА КАКО ШЕРОН ТЕЈТ ВО НОВИОТ ФИЛМ НА ТАРАНТИНО

Лос Анџелес, (Телеграф)

Марго Роби целосно ги долови 60-ите години од минатиот век во својата прва фотографија од сетот на новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“.

Австралиската актерка ја игра Шерон Тејт, најславната жртва на следбениците на култот на Чарлс Менсон и сличноста со неа е неверојатна.

(Фото: Инстаграм)

Тарантино го опишува филмот како „приказна што се случува во Лос Анџелес во 1969 година, на врвот на хипи движењето во Холивуд“.

Во центарот на приказната се Рик Далтон (Леонардо ДиКаприо), поранешна ѕвезда на вестерн-серии и неговиот партнер и дублер Клиф Бут (Бред Пит). Двајцата не успеваат да се снајдат во Холивуд, бидејќи никого не познаваат, но Рик има многу славна сосетка – Шерон Тејт.

Во други улоги се Ал Пачино, Барт Рејнолдс, Тим Рот, Курт Расел… Премиерата на филмот е закажана за 9 август 2019 година, откако беше поместена нанапред за две недели.