Властите на Мексико Сити предвидуваат дека филмот на Алфонсо Куарон, „Рома“, ќе триумфира на Оскарите и веќе планираат масовна прослава.
Мексиканците традиционално се собираат пред градскиот Споменик на независноста кога ги слават победите на своите фудбалери. Властите деновиве соопштија дека подготвуваат свеченост за победникот на Оскарите, пред споменикот познат како „Ангелот“.
Градскиот секретар за култура Хосе Алфонсо Суарес рече дека ќе има специјална маршрута на движење околу населбата Рома, кадешто е снимен филмот, а свеченото доделување ќе се пренесува на големи екрани околу споменикот.
Дејството во „Рома“ се случува во 1970-ите во родната населба на мексиканскиот оскаровец, Ла Рома. По успехот на филмот, таа стана магнет за туристи и медиуми. Црно-белата семејна драма има десет номинации, меѓу кои и за најдобар филм и режија.
„Сигурно е дека ќе имаме чиста победа“, изјави Суарес.