МКЦ ОРГАНИЗИРА КИНО НА ТРЕВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младински културен центар во Скопје ќе организира кино на отворено на 10 и 11 јули, запазувајќи ги сите препорачани мерки на заштита. Проекциите ќе бидат бесплатни, а ќе се одржат во паркот зад МКЦ.

Утре ќе биде прикажан последниот филм на Ларс фон Трир, „Куќата што ја изгради Џек“ (The House That Jack Built), а в сабота, на репертоарот е „Никогаш навистина не си бил тука“ (You Were Never Really Here), психолошкиот трилер на Лин Ремзи од 2017 година, со Хоакин Феникс во главната улога.

Проекциите почнуваат во 21 часот, а бројот на местата е ограничен.