НОВИОТ „ТЕРМИНАТОР“ ОД ДЕНЕСКА ВО СКОПСКИТЕ КИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Терминатор: Мрачна судбина“, продолжението на научно-фантастичната класика од 1991 година „Судниот ден“, од денеска игра во кината Синеплекс и Милениум. Филмот по 28 години ги обединува ѕвездите на првите два дела во режија на Џејмс Камерон, Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон, која вели дека долго се мислела дали повторно да ја прифати улогата на Сара Конор.

„Ми требаа шест недели да решам дали сакам повторно да ја играм Сара Конор. Бев многу уплашена, зашто не сакав да ја разочарам Сара“, вели 63-годишната Хамилтон, додавајќи дека клучно било враќањето на Камерон, кој сега е во улога на продуцент.

Во режија на Тим Милер, кој се прослави со „Дедпул“, „Мрачна судбина“ се случува 27 години по дејството во „Терминатор 2“. Новата мисија на Конор е да ја заштити Дани Рамос (Натали Рејес) од новиот модел на терминатор Рев-9 (Габриел Луна), кој е испратен од иднината од Скајнет. На неа ѝ се придружуваат и оригиналниот терминатор Т-800 (Шварценегер) и киборгот Грејс (Мекензи Дејвис).