ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕР ЗА ПОСЛЕДНИОТ ФИЛМ НА ЧЕДВИК БОУЗМАН КОЈ БИ МОЖЕЛ ДА МУ ДОНЕСЕ ПОСМРТНА НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР

Њујорк, (АП)

„Нетфликс“ го објави трејлерот за последниот филм на Чедвик Боузман „Ma Rainey’s Black Bottom“, за кој се вели дека би можел да му донесе и посмртна номинација за оскар. Боузман игра амбициозен трубач во филмот за легендарната американска блузерка Ма Рејни (Вајола Дејвис), која сака да се ослободи од контролата на својот бел продуцент додека го снима последниот албум во својата кариера.

Не сакам да се натпреварувам со неговата мајка, но Чедвик беше моето бебе. Тој беше уметник и за некој толку млад, беше неверојатно да се гледа како работи“, изјави Дејвис.

Боузман почина во август на 43 години додека филмот бил во фаза на постпродукција и дури потоа се дозна дека во изминатите четири години снимал филмови во паузите меѓу многубројните операции и хемотерапии.

Ma Rainey’s Black Bottomќе се прикажува во одбрани кина во ноември, пред да биде пуштен на „Нетфликс“ во декември.