ОД 8 ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ СНИМА ТУРСКО-МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ „МАЛА ГРЕШКА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 8 октомври во Скопје почнува снимањето на турско-македонската копродукција „Мала грешка“, во режија на Чејда Ашар од Турција, по сценарио на Гокан Тирјаки. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија со 3,7 милиони денари на конкурсот во 2022 во втор рок.

Ова е копродукција на „ПИК продукција“ од Македонија, „Гокан Тријаки продукција“ и „Ротанет“ од Турција.

Главната улога ја игра германско-турскиот актер Мехмет Куртулуш, познат по соработката со режисерот Фатих Акин. Остатокот од екипата го сочинуваат актери од Македонија и Турција. Од Македонија, во креативниот тим ќе бидат вклучени Фејми Даут (фото, лево) како директор на фотографија, Александра Петкова како сценографка, Онур Озџан како костимограф и Александра Кардалевска како директорка на кастинг.

Филмот ќе се снима во скопските населби Влае и Чаир и во делови од Струга.