Наградата за најдобра актерка на Венецискиот филмски фестивал, кој заврши синоќа, го потврди искачувањето на Ванеса Кирби во холивудското кралство, откако стекна светска слава со ролјата на принцезата Маргарет во ТВ-серијата „Круна“.

Триесет и двегодишната британска ѕвезда годинава играше во два филма во трката за Златен лав, лезбиската љубовна приказна „Светот кој треба да дојде“ и драмата „Делови од жена“, за кој ја доби наградата. И двете улоги беа предизвикувачки за една жена и „Вараети“ ја нарече Кирби „исклучителна актерка од нејзината генерација“.

„Делoви од жена“ е филм на унгарскиот режисер Корнел Мундрузо, по сценарио на неговата партнерка Ката Вебер и е инспириран од загубата на нивното бебе.

Кирби со насолзени очи ја посвети наградата на „сите оние родители кои изгубиле дете, некогаш дури и пред да почне животот“.