Шведскиот бренд „Кон“ ја претстави линијата на родово-неутрална долна облека, со цел да покаже дека производите не мора да бидат категоризирани на машки и женски. Долната облека е изработена од природни материјали и е спакувана во рециклирана хартија.

Бил Хинонен ја основал модната компанија „Кон“ за да понуди унисекс долна облека која на купувачите ќе им даде можност сами да ги дефинираат производите.

„Ми велеа дека никогаш не би можела да се направи родово-неутрална долна облека, па морав да ја направам. Мојата визија беше, метафорички кажано, да направам бело платно и да им дозволам на купувачите да бидат уметниците кои ќе му дадат боја на брендот. Изгледот на облеката секогаш ќе биде различен, во зависност од тоа кој ја носи“, вели Хинонен.

Облеката се дизајнирала три години, при што биле земени елементи и од машката и од женската долна облека за да се добие посакуваниот облик.