Од Били Вајлдер до Стивен Спилберг, од Џејмс Бонд до „Збогум, Ленин!“, Берлинскиот ѕид има(ше) важно место во германските и светските филмови. Германија утре одбележува 30 години од падот на Берлински ѕид, настан кој го преобликуваше модерниот свет.

Сцена од филмот „Еден, два, три“ (Фото: ДПА)

Ѕидот сѐ уште не бил изграден кога холивудскиот режисер со австриско потекло Били Вајлдер почнал да го снима филмот „Еден, два, три“ во Берлин во јуни 1961. Изграден откако се сними филмот, Вајлдер и екипата подоцна го додале ова во филмот. Така оваа комедија стана славен документ во историјата на филмот.

Ричард Бартон во „The Spy Who Came In From the Cold“

Откако беше изграден ѕидот, Студената војна стана честа тема во западноевропскиот филм. Славниот шпионски роман на Џон Ле Каре, „The Spy Who Came In From the Cold“, излезе како филм во 1965 година. Со Ричард Бартон во главната улога, британскиот филм се снимаше во Велика Британија, Холандија и кај Чекпоинт Чарли во Берлин.

„Погреб во Берлин“

Во 1966 излезе уште еден британски шпионски филм, „Погреб во Берлин“, од режисерот Гај Хамилтон и со Мајкл Кејн во главната улога. Се снимаше на повеќе локации во Западен Берлин и кај Чекпоинт Чарли.

Помина доста време пред Џејмс Бонд да дојде на Чекпоинт Чарли и на други познати локации во Берлин. Најславниот британски таен агент конечно доби свој филм за Берлинскиот ѕид во 1983 година („Октопуси“). Во тоа време, Роџер Мур не можеше да претпостави дека Ѕидот ќе падне на крајот од таа деценија.

„Тунел“

Следните години беа снимени голем број филмови за авантуристичките бегства на жителите на Источен Берлин. Еден од најпознатите е „Тунел“ на Роланд Сусо Рихтер. Базиран на вистински настани, филмот ја пренесува приказната за бегство низ тунел под Берлинскиот ѕид. Во 1962 година, 29 луѓе поминале низ него.

„Збогум, Ленин!“

Во 2003, уште еден германски филм за историјата на Источен Берлин и падот на ѕидот стана светски хит, кога Волфганг Бегер го сними „Збогум, Ленин!“ со Даниел Брул.

„Мост на шпионите“

Во 2015 Холивуд повторно се заинтересира за Студената војна. Стивен Спилберг го сними „Мост на шпионите“ со Том Хенкс на автентични локации во Берлин и во студиото „Бабелсберг“.