„ПЕТРУНИЈА“ И „ЏГАН“ ДЕНЕСКА И УТРЕ СО ПРОЕКЦИЈА ВО ГРАДСКИ ПАРК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бесплатни филмски вечери ќе има денеска и утре на Школка во Градски парк во Скопје, како дел од првото издание на фестивалот „Самерленд“.

Вечерва во 21 часот, проекција на отворено ќе има филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, кој имаше светска премиера во конкуренцијата за Златна мечка на Берлинале, каде доби две награди од споредните жирија. Тој во мај освои и две награди на Филмскиот фестивал Деа во Тирана, за најдобар филм и за најдобра женска улога (Зорица Нушева). Филмот од 1 мај се прикажува во 60 киносали низ Франција.

Утре за 21.30 часот е најавена проекцијата на „Џган“, успешното деби на Вардан Тозија. Главните улоги ги играат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Љупчо Тодоровски, Сара Климоска, Горан Стојановски, Ристо Бурзаденов, Саша Чиникиќ и Мартин Живковски.

Проекциите се организираат во соработка со Младински културен центар и кино Милениум.