ПО СЕДУМ МЕСЕЦИ ПАУЗА, ТОМ КРУЗ ГО СНИМА „НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА“

Осло, (Скај)

По седум месеци пауза поради пандемијата на ковид-19, продолжи да се снима седмиот дел на „Невозможна мисија“.

Режисерот Кристофер Меквери го најави стартот на Инстаграм со фотографија и куса објава: „Акција… #MI7, прв ден“. На сликата се гледаат планини со снег и маж во црно кој стои на рампа врз скелиња. Се претпоставува дека рампата е сценографија за мотоциклот на Том Круз, кој го игра главниот лик, тајниот агент Итан Хант. Круз е познат по тоа што самиот ги изведува каскадерските делови.

Не е објавено каде се наоѓа локацијата на сликата, но од продукцијата претходно кажаа дека ќе се снима во Норвешка.