Премирата на новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“ ќе биде на 28 септември, наместо на 30 септември, објавија „МГМ“ и „Јуниверзал“.
Со тоа тие ги демантираа шпекулациите во филмскиот бизнис дека премиерата може да биде одложена по четврти паt, поради пандемијата на ковид-19.
Филмот ќе биде прикажан во САД на 8 октомври.
Датумот за „Не е време за умирање“ беше преместен три пати од првичниот термин за во април 2020, откако пандемијата лани во март ги затвори киносалите низ светот.
Филмовите за Џејмс Бонд се меѓу филмските франшизи со најголема заработка во Холивуд. Филмот „Спектра“ од 2015 заработи 880 милиони долари ширум светот, додека „Скајфол“ во 2012 заработи повеќе од 1 милијарда долари на глобално ниво.
Продукцијата која чинеше околу 200 милиони долари, го означува последното појавување на Даниел Крег како британскиот таен агент и е меѓу најочекуваните блокбастери за оваа есен.