СУНЧИЦА УНЕВСКА СО ТРЕТА КНИГА ФИЛМСКИ РЕЦЕНЗИИ, „ДУХ ВО ШКОЛКА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Дух во школка“ е новата книга со филмски рецензии на новинарката и филмска критичарка Сунчица Уневска, која ја издаде „Аквариус“.

Ова е нејзина четврта книга и според концептот се надоврзува на првата книга „Седмиот печат“, која беше посветена на интернационалните филмски дела. Втората книга „Македонска сага“ ги содржи рецензиите за сите македонски играни филмови продуцирани од осамостојувањето до 2019 година, а третата книга донесе интервјуа со некои од најголемите филмски автори на денешнината.

Како што вели Уневска во предговорот, шест години по првата книга „Седмиот печат“ таа сметала дека е време за нова книга со рецензии за филмските дела од цел свет.

„Во изборот од 64 филмови, Уневска не се води од некаква хронологија. Единствениот критериум се темите за животот и за оние бесконечни прашања што секогаш одново ги бараат вистинските одговори“, вели издавачот.

Поради состојбата со коронавирусот, промоцијата е планирана напролет.