Авантуристичката комедија „Покемон: детективот Пикачу“ и „Џон Вик 3: Парабелум“ се новите холивудски хитови кои дојдоа во кината Милениум и Синеплекс.
„Покемон“ на режисерот Роб Летерман започнува со исчезнувањето на приватниот детектив Хари Гудман и неговиот 21-годишен син ќе се обиде да дознае што навистина се случило. Во истрагата ќе му помогне поранешниот Покемон партнер на Хари, детективот Пикачу, кој ја има најчудната смисла за хумор. Гласот на Пикачу го позајми Рајан Рејнолдс.
По успешното продолжение од 2017 година, Кијану Ривс по третпат е во улогата на платениот убиец Џон Вик, кој бега од две причини: распишаната потерница од 14 милиони долари и прекршувањето на основното правило на хотелот „Континентал“, не убивај во хотелот. Вик на секој можен начин ќе се обиде да го напушти Њујорк и да остане жив.