Неколку дена по излегувањето на филмот „Кутија за птица“, „Нетфликс“ мораше да излезе со предупредување до публиката да престанат со копирање на сцени од филмот.
На социјалните мрежи кружат снимки со луѓе кои со превез на очите прават разни работи, што е наречено „Кутија за птица предизвик“. Едно такво видео на Јутјуб било прегледано над два милиони пати за 24 часа.
Дури и полицијата на Берлин реагираше и со видеопорака ја предупреди јавноста за ризиците од предизвикот.
Во трилерот со Сандра Булок во главната улога е прикажан пост-апокалиптичен свет, во којшто луѓето мора да си ги прекриваат очите за да избегнат паранормални суштества, зашто тие можат да ги принудат на самоубиство.