Екипата на „Невозможна мисија“ пристигна во англискиот округ Дербишајр, каде што монтира шини за воз во каменолом. Не е познато за кој дел од филмот за тајниот агент Итан Хант станува збор, но снимањето во оваа област ќе се одвива до јуни.
Продукцијата доби дозвола од локалните власти да конструира сет на оваа локација, вклучувајќи железничка линија низ полињата и дел од мост преку работ на карпата.
Во дозволата која стигна до медиумите продукцијата истакнува дека кога ќе се снима, ќе има голема бучава поради возот и експлозии, па затоа ќе донираат средства во локалната заедница како знак на добра волја и извинување за вознемирувањето.
„Сите во селото зборуваат за тоа. Добро е и за бизнисот и за духот на населението“, вели сопственик на локален бар.