РАСЕЛ КРОУ ЌЕ БИДЕ ЗЕВС, А КРИСТИЈАН БЕЈЛ ГЛАВНИОТ НЕГАТИВЕЦ ВО НОВИОТ ФИЛМ ЗА ТОР

Сиднеј, (Скај)

Оскаровецот Расел Кроу ќе го глуми грчкиот бог Зевс во новиот филм за Тор на „Марвел“. Веста ја откри австралискиот актер по неколкунеделни шпекулации за тоа која ќе биде неговата улога во филмот „Тор: Љубов и грмотевица“.

Шпекулациите почнаа откако Кроу беше забележан во друштво на екипата на „Тор“ во Австралија, каде што периодов се снима филмот. Во стрипот, Зевс често интервенира во битките на Тор.

Нов актер во тимот е и Кристијан Бејл, кој ќе биде главен негативец, додека Крис Хемсворт, Натали Портман и Теса Томпсон ги репризираат своите улоги.

Премиерата на филмот, во режија на Таика Ваитити, се најавува за мај 2022.