РИДЛИ СКОТ ГО ПОДГОТВУВА ВТОРИОТ ДЕЛ НА „ГЛАДИЈАТОР“

Лос Анџелес, (Гардијан)

Ридли Скот почнал да го прави продолжението на „Гладијатор“, кој освои пет оскари во 2001 година, меѓу кои и за најдобар филм.

Според „Дедлајн“, сценариото го пишува Питер Крег и приказната ќе се фокусира на Лушс, синот на Лусила, која во оригиналниот филм ја игра Кони Нилсен. Лушс, исто така, е внук на Комодус (Хоакин Феникс), кој на крајот на филмот го убива главниот лик Максимус (Расел Кроу).

Освен што собра голем број награди, „Гладијатор“ заработи 460 милиони долари на кино благајните и веќе некое време се зборуваше дека се подготвува негово продолжение. Минатата година, Скот кажа дека сценариото е оставено на чекање. Тој моментално ја снима својата прва ТВ-серија, научно-фантастичната приказна „Одгледани од волци“.